Facebook статус на Никица Корубин
7 години Преспански договор, дефинитивното верификување на независноста на државата од 1991 година. После 23 години од Времената спогодба, која требала да го затвори спорот за 7 години.
Стратешки договор со Грција, под директно покровителство на Обединетите нации, какви што мораат да имаат соседите. Членки на НАТО, кандидати за ЕУ, само-блокирани, ќе ги чекаме новите “23 години” или конечно ќе го оствариме нашиот врвен интерес: нормално и функционално општество, дел од ЕУ?
На фотографијата се дел од македонските и грчките пратеници, сликани во Псарадес (Нивици), во грчкиот дел на Преспа, кои ќе го ратификуваат договорот во двата парламента.

И која е иднината која сите ја посакуваме, а која одамна требаше да биде наша сегашност, со граница или без граница до ЕУ членките Грција и Бугарија, и наскоро Албанија? Кој каква Северна Македонија посакува, јасно е од постапките, кои се чини се’ поретко ги следат зборовите.