Албанската министерка за здравство, Огерта Манастирлиу, потврди дека бројот на нови случаи значително се зголемил, но оти загрижува фактот дека сега најпогодени се младите на возраст меѓу 25 и 35 години.
Според неа, има појава и на реинфекција кај веќе оздравени пациенти.
– Advertisement –
„Имаме случаи на инфекции на млада возраст, имаме случаи на повторни инфекции што е уште една причина што ги доведува експертите до сомневања за циркулација на нови варијанти на вирусот. Правиме проценка како да се справиме со тоа. Чекаме резултат од референтна лабораторија за да видиме дали се точни нашите сомневања“, рече таа на денешната прес-конференција.
Оцени дека за влошувањето на епидемиолошката состојба има и други причини поврзани со неспроведувањето и непочитувањето на мерките, како и семејните дружења за време на празниците и зголемениот прилив на население во некои туристички области.
Според анализата на Институтот за јавно здравје и Техничкиот комитет на експерти, додаде Манастирлиу, највисокото ниво овој месец е регистрирано вчера со 1 124 нови случаи, додека дневнот просек за измнататанедела е над 1 030 случаи.
Во последните 24 часа, во Албанија направени се 3 458 теста, од кои 953 се позитивни. Починале вкупно 12 лица.