Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.562 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 681 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 11 починати лица. Сите единаесет пациенти се починати во болнички услови.  Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.479, бројката на оздравени пациенти е 95.410, на починати е 3.206, а бројот на активни случаи изнесува 8.863.