Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.654 тестирања, а регистрирани се 868 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 397 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 15 починати лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, бројката на оздравени пациенти е 96.925, на починати е 3.280, а бројот на активни случаи изнесува 10.872.