Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.589 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 151, Тетово – 27,  Кавадарци – 17,  Охрид – 16,  Велес – 14, Куманово – 13, Делчево – 11,  Битола – 9, Струга – 9, Гевгелија – 8, Гостивар – 6, Демир Капија – 6, Штип – 5, Радовиш – 4, Берово – 4, Прилеп – 3, Струмица – 3, Кичево – 3, Неготино – 3, Ресен – 3, Кратово – 2, Крушево – 2, Македонски Брод – 2, Кочани – 1, Свети Николе – 1 , Крива Паланка – 1, Демир Хисар – 1.

Регистрирани се 479 оздравени пациенти од:

Скопје – 358, Охрид – 46, Струга – 13, Струмица – 11, Прилеп – 11, Кавадарци – 9, Куманово – 5, Велес – 5, Гостивар – 4, Битола – 3, Кичево – 2, Ресен – 2, Радовиш – 2, Пробиштип – 2, Крушево – 2, Штип – 1,  Дебар – 1, Демир Капија – 1,  Неготино – 1.

Починати се 7 лица, 2 пациенти од Скопје (89 и 79г), двајца од Охрид (80 и 89г) и по еден од Гостивар (62г), Струга (85г) и Пробиштип (70г).

Сите 7 пациенти се починати во болнички услови.

Направените 2.589 теста се преку: ИЈЗ-420, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена-236, Биотек-188, Жан Митрев (Филип Втори)-102, Систина-210, лабораторија Лаор–262, МАНУ-126, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби -2, ГАК-0, Синлаб-67, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-28, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 821, УК Пулмологија со алергологија–2, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 454.608 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.518, бројката на оздравени пациенти е 81.316, на починати е 2.848, а бројот на активни случаи изнесува 8.354.