Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во изминатите 24 часа регистрирани се 1216 нови случаи на Ковид 19, од направени 3761 тестирања. Пријавени се вкупно 15 починати лица, на возраст од 53– 94 години. Регистрирани се 111 оздравени пациенти. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909.