Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.814 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19.

Регистрирани се 206 оздравени.

Починале 13 лица како последица на коронавирусот, од кои едниот пациент бил од Дом за стари лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројката на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а бројот на активни случаи изнесува 6.411.