Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.813 тестирања, а регистрирани се 509 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 354 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 9 починати лица, сите починале во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, на починати е 3.085, а бројот на активни случаи изнесува 6.736.