Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.660 тестирања, а регистрирани се 324 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани се 1.178 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 26 починати лица. Од почетокот на епидемијата, па до сега, бројот на починати кај нас е 5042.