Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.553 тестирања, а регистрирани се 464 нови случаи на КОВИД-19. Пријавени се 23 починати лица. Во изминатите 24 часа регистрирани сe 435 оздравени пациенти. Бројот на починати лица од почетокот на пандемијата е 6.259, а бројот на активни случаи изнесува 13.412.