Здружението на мед ицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри соопшти дека медицинската сестра Нашиде Емини (Naside Emini 1961-2021) која долги години била дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје починала од коронавирусот.
„Ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа.
Унијата заедно со целото членство изразува длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски“, стои во бојавата на Фејсбук.