Цената на градежните материјали бележи драстично зголемување. Ковид кризата го зема данокот и во градежната индустрија. Во моментов постои неконтролирано зголемување на градежниот материјал и до 40 отсто, вели за Алсат Ивица Јакимовски од Градежната Комора. Тоа со сигурност ќе донесе и нови, повисоки цени за планираните нови станови и куќи.
Голем дел од фабриките се оневозможени да ги реализираат однапред договорените количини, тоа автоматски повлекува задоцнување. И испораката на тој материјал, кој е недоволно застапен, а од него има потреба, автоматски значи зголемување на цената – изјави Ивица Јакимовски претседател на градежна комора при ССК.
– Advertisement –
Според информациите од градежниците, зголемување на малопродажната цена има кај сите градежни материјали. Повеќекратно зголемување има кај песокот, цената на циглите е зголемена за 30 отсто, железото за 40, а стиропорот за дури 50 проценти.
Поскапи градежни материјали
Цигли 30% повисока цена
Железо 40% повисока цена
Стиропор 50% повисока цена
Потврда за растот на цените на градежните материјали добивме и од Државниот завот за статистика, од каде ни дадоа податоци за вкупниот раст на цените на годишно ниво. Па така, нивните пресметки велат дека порастот на цените на мало на материјалите за одржување и поправки на живеалиштето во 2020 година во однос на претходната година, изнесува 1,4 насто.
Кумулативниот пораст на истата група за периодот јануари-март 2021 година во однос на 2020 година изнесува 1,7%, а кумулативниот пораст за периодот јануари-март 2021 година во однос на периодот јануари-март 2020 година изнесува 2,9% – велат од Државен завод за статистика.
Што се однесува до моменталната цена на становите, во скопската општина Центар има дополнително зголемување на станбениот квадрат. Тоа се должи на недостигот на нови станови, односно на намалената понуда која е резултат на мораториумот за градба. Но, тој повеќе не е во сила повеќе од еден месец. Од 1.100 евра, цената за новоизградени станови во оваа општина сега изнесува 1.400 евра за квадрат.
Иле Петревски