Ковид кризата ги погоди извозно ориентираните компании. Анализата на Finance think покажува дека извозниците се соочуваат со голем број на проблеми во време на Ковид . Како резултат на кризата кај овие компании е забележано успорување во растот на приходите,профитабилноста,инвестициите,капиталот, вработеноста и платите. Извозниците велат од институтот за економски истражувања од фаза на креирање преминаа во зачувување на работните места
„Ковид 19 кризата ги погоди извозно ориентираните компании. Им го забави вкупниот раст, вкупните инвестициии, профитабилноста. Ваквиот удар беше посилен за странските инвеститори отколку за домашните компании но исто така во пост ковид периодот треба да забележиме дека извозно ориентираните компании брзо се враќаат на старата патека.“, изјави Благица Петреска од Институт за економски истражувања.
Како се пренесуваат негативните ефекти од Ковид врз работењето на овие компании
„Ковид 19 влијае прво преку синџирот на набавки. Преку сиџирот на набавки Ковид 19 кризата прави нарушувања во увозот и извозот и лесно негативните ефекти се пренесуваат од една земја во друга земја,односно од еден сектор во друг сектор“, вели Бојан Србиновски.
Голем проблем со кој се соочуваат извозно ориентираните компании е менаџирањето со работната сила, истакнуваат од институтот. Го додаваат и падот на побарувачката кој според нивните анализи е подоминантен. Според последните податоци посебно погодени се секторите за производство на храна и пијалоци, како и фармацевските производни капацитети. Во поглед на ликвидноста, достапноста до финансии била клучна за амортизирање на загубите во доходот и тие компании кои имале подобар пристап до финансии полесно би се справувале за време на кризата. Загубата на приходите извозниците ја имаат амортизирано преку финансирање од сопствени извори и преку одлагање на инвестициските активности . Притоа извозниците кои главно увезуваат од ЕУ се значајно погодени во споредба со извозниците кои увезуваат надвор од ЕУ. Анализирани 73 поголеми компании . Само за споменување, учеството на извозно ориентираните компании во БДП минатата година изнесувал 56 проценти,што од друга страна ги прави сериозен фактор во домашната економија.