На Антарктикот, потврдени се 36 случаи на Ковид-19, така што нема континент каде што не е присутен вирусот, објавија денес австралиските медиуми.

Австралискиот канал „АБЦ“ објави дека 36 Чилеанци имале позитивен тест за коронавирус во воената база на Антарктикот, што значи дека тврдењето дека ова е единствено место без вирус на планетата, не може повеќе да важи за овој континент, пренесува британски Гардијан.

„АБЦ“ се повика на повеќе медиуми на шпански јазик кои објавија дека во понеделникот е потврдено дека 36 припадници на чилеанската армија стационирани во базата на Антарктикот се позитивни на вирусот.

Базата се наоѓа во близина на најсеверниот врв на западен Антарктик, далеку од австралиските бази во источен Антарктик, а австралиската дивизија на Антарктикот се обидува да ги потврди овие извештаи со чилеанските власти, според британскиот весник.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.