Ковид -19 може да остави дури 48 различни долгорочни последици врз пациентите кои го прележале, утврдила студијата на американски научници и СЗО. Утврдено е дека дури 80 проценти од пациентите кои имале коронавирус имаат еден или повеќе симптоми на постковид или продолжен ковид, што може да трае со месеци откако вирусот ќе се прележи.
Американската студија, направена врз основа на 18.251 публикации од 2020 година, кои се однесуваат на 47.910 пациенти, покажува дека најчестите последици од Ковид – 19 се замор, кој повеќе од половина од испитаниците го чувствуваат долго, па дури и повеќе од 100 дена. Нешто помалку од половина од испитаниците имаат главоболка, а првите пет последици вклучуваат нарушување на вниманието, опаѓање на косата и отежнато дишење. Но, некои луѓе трајно остануваат со дијабетес, откажување на бубрезите, параноја, додека има и такви кои доживеале мозочен удар…
Авторите, исто така, ги анализирале студиите направени на најмалку 100 ковид пациенти, на возраст од 17 до 87 години, помеѓу 14-ти и 110-ти ден по инфекцијата со коронавирус. Тие имае покачени некои од шесте лабораториски параметри и абнормални ренген снимки или снимки бели дробови. Авторите во студијата „Повеќе од 50 долгорочни последици од Ковид – 19: систематски преглед и мета-анализа“, објавени во списанието medRxiv, заклучиле дека дури 80 проценти од пациентите имаат една или повеќе последици од ковид кои се претставени графички на човечкото тело.
Во студијата е констатирано дека се потребни дополнителни истражувања во врска со полот, возраста, претходните коморбидитети, сериозноста на клиничката слика од Ковид – 19, како и должината на третманот, што ќе помогне во превенција и лекување на постковид состојби.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.