Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ возврати на острите критики на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на сметка на новиот концепт на опозицијата. Ковачки тврди дека дворот на МВР е полн со ѓубре, смрди и корне од криминал.
„Не е виновен Мицкоски затоа што сте криминогени, ниту пак мрзеливи и неработници. Нема да станете поуспешни ако го исплукате оној на кого му завидувате“, реагира на Фејсбук Ковачки.
Тој ги повтори јавните прашања за Спасовски во врска со вработување на лица што не ги поминале безбедносните проверки или психолошките тестови.
„Дали покрај веќе уапсените началници за трговија со дрога, имате и други началници во МВР со криминални досиеја“, прашува Ковачки.
Соред него, во време на Спасовски, МВР станала испостава за издавање на патни исправи за светските нарко-картели и терористи на ИСИС.