Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки вечерва во Тема на денот на Сител изјави дека целосно го поддржува лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
„Што се однесува до изборот на претседател на ВМРО-ДПМНЕ на 12 декември засега само претседателот Мицкоски ја има објавено кандидатурата. Не можам да шпекулирам за други кандидати но факт е дека Мицкоски со резултатите од локалните избори го освои и легитимитетот и има потполн кредибилитет да продолжи понатаму да биде наш претседател. Јас лично ја давам мојата поддршка за претседателот Христијан Мицкоски“, истакна Ковачки.