Како на дете во ран детски развој СДС му напишаа упатства како да се однесува на говорница, а потоа и сам призна дека е неспособен, вели Драган Ковачки, за вчерашното обраќање на премиерот Димитар Ковачевски во Собранието, одговарајќи на пратенички прашања.

Ковачки на пресот вели:

Ова е соопштение испратено од партијата со неговиот говор, од кое заборавиле да ги избришаат напатствијата кои му пишале во загради, како да се работи за дете во ран развој.

Дезертерот Ковачевски буквално мора да добие инструкции каде во салата седат неговите пратеници и на која страна треба да ја крене раката. Како да се работи за нов терен, кој што неспособниот Ковачевски не го познава и допрва треба да го осознае.

Тој вчера од говорница и сам призна дека навистина е неспособен. Но избега да каже кога ќе си поднесе оставка.

Сега откако призна, а бега од оставка, треба да се утврди дали е способен да ја извршува функцијата премиер, со поведување на постапка за одземање на деловната способност.

Само судска постапка ќе ги разјасни дилемите. А потоа Ковачевски веднаш ќе треба да си поднесе оставка.

Доколку пак постапката утврди дека е способен, тогаш се враќаме на почеток дека Ковачевски лажел и дијагнозата трајна неспособност, била всушност времена, но тој злоупотребил свои роднини началници во МО да добие дијагноза трајно неспособен за да не треба да оди во војска и да не треба да ја брани државата во 2001 година.