СДСМ и ДУИ изгласаа влада со само 62 пратеници, а недели наназад зборуваат како имаат стабилно мнозинство. Ова ли е тоа стабилно мнозинство? Мнозинството и владата повторно се на стаклени нозе, нестабилни и нефункционални, прашува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Старо-новата Влада од истрошени и компромитирани кадри на чело со пиунот Ковачевски, нема никаков легитимитет, капацитет и авторитет да ја води, а уште помалку да ја извади државата од вкупно 4-те прогласени кризни состојби на територија на Македонија, како и од блокадата на нашиот пат кон ЕУ.

За 4-те кризни состојби и генерално лошата состојба во државата, одговорност има и денешниот нов премиер, кој како досегашен заменик министер за финансии и близок соработник на Зоран Заев, учествувал во креирањето на погрешните политики кои во последните 5 години направија пустош на полето на економијата, образованието, здравството, а кризниот менаџмент го сведоа на имровизации.

Старо-новата Влада нема народен легитимитет и таа е производ на тешкиот пораз на СДСМ на локалните избори. Таа е континуитет на криминалот, корупцијата и неспособноста.

Во делот на капацитетот, погледнете го составот на Владата и ќе видите дека СДСМ, бега од клучните ресори на кои во моментов паѓа најголемиот товар во менаџирањето со кризите, вели Ковачки.