„Министерката за одбрана Славјанка Петровска, крие луксузен имот. Како што кажав во дуелот со Министерката во средата таа во својот Анкетен лист до ДКСК пријавила само долгови, два кредити и една кредитна картичка, но не и луксузна хациенда во Радишани. Во дуелот ја прашав Петровска дали крие имот во Скопско, по што таа негираше и рече дека се што поседува е во нејзиниот Анкетен лист, односно дека не поседува имот. Петровска е фатена во лага како крие имот“. Ова меѓудругото денеска на прес-конференција го објави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.