Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ го повика СДСМ да каже дали знаеле дека Џафери имал средби со лица кои се ризик за безбедноста на нашите стратешки партнери. Ова се однесува на текстот објавен од страна на Антонио Милошоски и обвинувањата дека Талат Џафери во јули минатата година имал средба со делегација од Чеченија.
Прес конференција на Драган Ковачки:
-Талат Џафери со своето поведение е опасност за националната безбедност. Постојат сомнежи дека се среќавал со луѓе кои се потенцијален ризик за нашите стратешки партнери.
Талат Џафери, но и власта на СДСМ и ДУИ се должни на македонската јавност да и објаснат:
- Зошто криеше дека при средбата со делегација имало безбедносно-интересни лица и кога планираше да ја запознае јавноста за овој факт?
- Што договарал со делегацијата во која бил и поранешниот пратеник на Думата Абдул-Вајед Нијазов, во случајов претставник на Чеченската делегација?
- Дали пред средбата со безбедносно-интересни лица е направена проценка од страна на надлежните безбедносни служби и доколку е направена, зошто е дозволена таква средба?
- Дали Талат Џафери после средбата ги известил надлежните безбедносни служби за текот и содржината на разговорите?
- Од кого потекнала, односно кој ја дал идејата за изградба на споменик во Тетово на Ахмат Кадиров, односно на таткото на Рамзан Кадиров – лидерот на Чеченците кој се бори во Украина?
Патем и СДСМ треба да престанат да молчат и да се произнесат за овој скандал со средбата на Џафери.
СДСМ треба да одговорат дали имало и нивни претставници во делегацијата предводена од Талат Џафери која ги примила овие лица во Собранието?
Дали Ковачевски како член на владата во тој период знаел за ваквите посети и дали и тој се среќавал со нив?
Јавноста треба да го знае мислењето на Ковачевски за ова поведение на Џафери и неговите средби.
Талат Џафери во многу наврати се докажа како недостоен за извршување на функцијата Претседател на Собранието на Република Македонија и досега требаше да си поднесе оставка.
Џафери мора да каже, дали средбата е иницирана од него, или некој му ги наметнал луѓето, и во двата случаи треба да има одговорност за институциите кои истата ја допуштиле. Власта должи одговори.