Откако лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачрвски од трибината во Куманово, упати прашање дали Христијан Мицкоски бара власт од странските, но и домашните политичари, па кога ќе дојде на власт да го смени Уставот, се огласи Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Димитар Ковачевски, човекот кој се крие позади Цаци, поставен да одработи на штета на македонскиот народ и на Македонија, не знае дека народот е тој кој бира и дава и народот е тој кој зема на избори, а не странските политичари, вели

-Вакви лаги како оваа не поминуваат.

Ковачевски зборувал и за храброста…

Храброста можеше да ја покажеш тогаш кога беше најпотребно и наместо да дезертираш и да вадиш лажни лекарски белешки, да се бориш за Македонија или пак барем сега кога веќе те поставија таму каде што си, да излезеш на ТВ дуел и на избори па народот да слушне и да види колку си храбар.

И за крај, за разлика од него нема потреба од прашања, на сите им е јасно дека Ковачевски не само што така си мисли, туку и гласно си кажува, “се ќе потпишам, само да бидам премиер, затоа што друга шанса и прилика нема”.