Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на новинарско прашање поврзано со сместувањето на Назим Буши, заменик министер за внатрешни работи кое изнесувало 20 илјади евра побара уште еднаш Буши да каже како успеал да го плати тоа ноќевање односно како ги стекнал тие пари.
Имено Ковачки додаде дека ако пак Буши не го платил тоа сместување да се даде одговор кој е тој што го платил тоа сместување односно кој е интересот на тој што го платил тоа сместување.