Премиерот Димитар Ковачевски не е изненаден од анкетата на ИРИ која покажува сериозен пад на довербата во судството и власта.

Тој вели дека анкетата е правена  во септември по европскиот предлог  што според него директно влијаело на перцепцијата кај граѓаните.

Ковачевски е задоволен од неговиот личен рејтниг во десетмесечното раководење со Владата не коментирајќи го рејтингот на останатите политичари меѓу кои и екс премиерот Груевски.

-Јас немам да го коментирам личниот рејтинг на кој било политичар. Секој може да го коментира својот, јас ќе го коментирам мојот кој би кажал дека нашите граѓани знаат да препознаат кога некој го вложува сиот свој труд, напор и енергија во време на најголема економска и енергетска криза да се грижи за одржување на економска стабилност, енергетска стабилност, обезбедување топлинска енергија во Градот Скопје, иако тоа не му е обврска. Само се потврдува дека ако го погледнете делот во ’топ оф маинд‘ одговорите на испитаниците, тогаш практично зборувајќи за себе, бидејќи опфаќа 10 месеци од моето назначување, свесноста за работата растела со 1,44 проценти на месечно ниво што е прилично голем процент. Ако гледаме во однос на политичките рејтинзи тогаш и тоа е респектабилно со оглед на 10-месечниот период на управување со Владата“, изјави денеска Ковачевски.