Премиерот Димитар Ковачевски упати низа навреди до членовите на ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница за време на пратеничките прашања. Тој ова го кажа како дел од одговорот на Драган Ковачки од опозицијата за тоа што поднел документ дека е трајно неспособен за служење на воен рок уште пред 30 години.

Оваа група овде на опозицијата и претходниот говорник како нивен предводник, а под налог на неговиот налогодавач, во последно време имаат голем, многу голем проблем!

Бидејќи се лопови, криминалци, неработници, насилници, кодоши!

Бидејќи се растураат внатре помеѓу себе заради делење на пари и тендери, како овој последниот од 136 милиони евра!

Како што цело раководство им е осудено на десетици години затвор за криминал!

Имаат голем проблем бидејќи народот повторно ги прочита дека освен криминал и фотелји, за Вас почитувани граѓани, воопшто не се заинтересирани.

И видете, кој човек говори за војска, за неспособност и за манипулации?

Човек кој додека бил во АРМ кодошел, крадел документи, навредувал колешки и колеги, издавал информации, тргувал со нив со разни интерни и странски структури! Човек кој бил казнуван и санкциониран!

Човек кој ми го спомнува мојот драг покоен роднина кој го заврши својот живот заради трагичната и прерана загуба на своите најмили, своите две деца! Бог да ги прости.

Човек кој што му бил колега, којшто го споменува и бил именуван од Пауновски од ВМРО-ДПМНЕ.