Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја коментираше смртта на пациентот со цистична фиброза. Ковачевски кажа дека разговарал со министерот Беким Сали, и донел одлука за веднаш почне набавката за најкритичните пациенти на лекот.

„Разговарав со министерот Сали и му кажав дека ова е неприфатливо. Му реков да размисли и да ми каже дали може да го продолжи мандатот, а јас мојата одлука ќе ја донесам после тоа. Разговарав и со директорот на Фондот за здравство. Немам намера да чекам низ бирокартските лавиринти, затоа утрово да се преземат конкретни чекори. Да се одвојат веднаш финансиски средства од фондот за здравство за накритичните болни од цистична фиброза. Не може да се чекаат тендери кога е лек кој го произведува еден производител. Бидејќи нема време за чекање, ова е вонредна мерка, и јас немам намера да ни умре друг пациент поради оваа бирократија“, изјави Ковачевски.