„ Ние апсолутно сме земја која ги остварува своите стратешки цели, благодарение на одлуките кои што лидерството на државата во одредени моменти ги има носено. Вие знаете дека нашите внатрешни односи ги имаме уредено врз основа на Охридскиот рамковен договор и ние сме пример за држава во која етничките и сите други односи се уредени на највисоко ниво.
Премиерот во интервјуто вели дека Северна Макеоднија, веќе има 45 отсто усогласено законодавство со ЕУ, а скрининг процесот тече исклучително добро според извештаите кои ги добиваме од Брисел, што е реалност земјата во 2030 да стане членка на ЕУ.
„Јас го истакнав тоа дека доколку имаме политичка волја, храброст од страна на сите политички партии до 2030 година Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ“, рече меѓу другото, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за Гласот на Америка за време на неговата работна посета на САД.























