Премиерот Димитар Ковачевски се огласи преку социјалните мрежи, порачувајќи дека формално право не го добиле францускиот предлог усогласен од 27 земји членки на ЕУ. Но, потенцира, каков и да биде конечниот усогласен текст, мора да бидат исполнети неколку услови за да биде прифатлив за македонската влада.

Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет;

Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка;

Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот;

Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија;

Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија.