Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамки на работната посета на Прага, учествуваше на самитот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) заедно со премиерите од редовите на социјалдемократски, социјалистички и демократски партии.

На средбата учествуваа и Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, како и поранешниот премиер на Грција и претседател на Сириза, Алексис Ципрас. Средбата, како што соопшти владината прес-служба, е во пресрет на првиот состанок на Европската политичка заедница, а на кој ќе се обрне посебно внимание на економско-енергетската криза и можностите за справување со последиците од истата.