„Странските директни инвестиции во кризни услови, во најкризна година по Втората Светска војна достигнаа рекордни историски износи од 753 милиони евра, само во една година, и тоа повторувам во најкризната година во Европа и кај нас. Нашите странски директни инвестиции се на највисоко ниво во најкризната година и тие се два пати поголеми во однос на 2016 година“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на Самитот на Македонија 2025 – „Просперитетни економии преку дигитализација и стратешко лидерство“.
Тој додаде дека еден од клучните предзивици со кои се зафати Владата по 2017 година е реструктуирање на економијата, а во 2018 година беше одобрен планот за економски раст и тогаш за прв пат тогаш покрај поддршката на странските инвестиции Владата почна да ги поддржува и домашните инвеститори.
„И ова вроди резултат и покажа дека оваа Влада не е фокусирана само во еден од параметрите во економијата, односно растот на БДП, туку за клучно ја сметавме поддршката наа компаниите, бизнисот, за да може да е бизнисот спремен да одговори на предизвиците и да го донесе толку посакуваниот раст и развој во нашата економија“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека минатата недела еден од најголемите производители на чипови за автомото индустријата, за авиоиндустријата, за медицинската индустрија и 5г технологиите – Јагео одлучи да отвори 205 милиони евра вредна инвестиција.
„Ова е најголема инвестиција од практично отпочнувањето со работа во слободните економски зони која во својот производен капацитет во кој ќе работат речиси 4000 вработени. И ова е најдобра потврда дека ние имаме и ресурси и знаење да произведуваме нешто за кое сметавме дека е незамисливо да се произведува во Македонија“ рече Ковачевски.