Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „Утрински брифинг“ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го каже ставот по однос на нивниот коалиционен партнер Левица која гласаше против Декларацијата за Украина.

-ВМРО – ДПМНЕ и нивниот лидер треба да размислат за нешто друго. Тие се политичка партија која е во коалиција со Левица која отоврено ја поддржува руската агресија и која вчера јасно беше против декларацијата за осуда на рускиот напад врз Украина. Прво тие треба да кажат став, да изградат единство кај себе во коалицијата а потоа да зборуваат дали некој го дели народот. Ако некој го делел овој народ, тоа го правел ВМРО, на патриоти и непатриоти. Го делеле по етничка основа и го делат по партиска основа, порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги партизира општините со кои раководат нивни градоначалници.

-Гледаме каква партизација се случува по општините кои ги презеде ВМРО-ДПМНЕ. Тие не поднесуваат ниту извештаи пред ЗЕЛС ниту пред граѓаните. Тоа е единствена партија во светот која поднесува 3-месечни извештаи во скапи хотели пред партиски лидери. Тоа го гледавме во нивната партија 10 години во државата и гледаме дека повторно дека на исти начин исто така рапортира во партија наместо пред граѓаните. заклучи Ковачевски.