„И претходно кажав дека како држава во Благоевград ќе отвориме македонски културен центар, каков што имаме во Софија. Министерството за култура веќе ги има подготвено потребните документи, треба да се стапи во контакт со бугарската влада“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5.

Тој додаде дека нема да присуствува на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“, но повтори дека треба да се поттикнуваат и поддржуваат клубовите кои имаат цел да ги зближуваат државите и народите.

„Писмото за отворање на државниот културен центар ќе биде испратено пред Нова година и врз основа на процедурите, ќе отвориме македонски културен центар во Благоевград, каде што ќе присуствуа и македонската Влада“ рече Ковачевски.