Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со тоа дали разговарал со опозициската ВМРО-ДПМНЕ или чека странците да го сторат тоа, но и за роковите и што доколку не се донесат до ноември, кога завршува скринингот. Тој додаде и дека досега ветото за евроатлантските интеграции доаѓало однадвор, а денес прв пат тоа може да дојде одвнатре.
– Ако досега ветото за Северна Македонија за евроатлантските интеграции доаѓаше однадвор, денес прв пат ветото може да дојде одвнатре и тоа од политички партии, кои понекогаш декларативно кажуваат дека се за европска интеграција на државата, меѓутоа тие историски имаат докажано дека се против евроатлантските интеграции на државата. Она што е најфрапантно е дека ние за првпат имаме политичар по 32 години независност, кој во јавна изјава вели дека европската агенда не е иста со македонската агенда. Тоа досега ниту еден политичар во државата не го кажал. На почетокот на оваа недела претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека европската агенда не е иста со македонската агенда. Тоа значи дека тој има некаков друг план во однос на интеграцијата на државата и треба да го објасни, рече Ковачевски додавајќи дека граѓаните пред 32 години се определиле земјата да стане дел од НАТО и ЕУ.