Точно знам колку е важно да се задоволни работниците. 22 години ја градев својата кариера во приватниот сектор. До стапувањето на функцијата во Владата, и сам работев во фабрика, налик на оваа. Знам што значи како е да станеш секое утро и да дојдеш да произведуваш и испорачуваш за компанијата, која понатаму плаќа даноци на државата, рече премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на новата инвестиција, YFA Automotiv во ТИРЗ Скопје 1.

Премиерот истакна дека е особено горд на тој дел од животот.

-Искуството ми овозможи да стекнам знаење, пристап и вештини кои не се добиваат само со седење по канцеларии и кабинети. Денес не е лесно да се привлече инвестиција после пандемијата со Ковид-19 и посебно во време на војна што се води во Украина, при високи стапки на инфлација. Сепак, нашиот пристап го потврди спротивното, рече Ковачевски.