„Ние сме соседни држави и мораме да соработуваме и да се почитуваме со задржување на достоинството. Односите мора да ги градиме врз овие принципи и да шириме енергија прифатена во двете држави. Пораките во медиумите за односите на Северна Македонија и Бугарија мора да се во правец дека ние сме соседни држави.“ – изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто на ТВ 24.
Преговарачката рамка ја одобруваат сите членки на ЕУ, не само една држава. Билатерални прашања не може да бидат дел од таа рамка. Таквите прашања ќе мора да се решат, но надвор од рамката.“- дополни Ковачевски.