Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ денеска се сретна со Џорџ и Александар Сорос.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, беше истакнато дека Владата во Северна Македонија ги промовира и практикува вредностите на демократијата, заштитата на човековите права, владеењето на правото и отвореното општество, истите вредности за кои се залага и Фондацијата отворено општество.

Соговорниците истакнаа дека отвореноста на државата за развој на демократијата, владеење на правото се клучни за развој на економијата, за нови инвестиции од домашни и странски компании. Ковачевски додаде дека Владата ќе продолжи да го поддржува слободоумното граѓанство и критичката маса.