Премиерот Димитар Ковачевски преку објава на социјалната мрежа facebook го одбележа денот во кој пред 3 години знамето на НАТО се крена за прв пат пред Владата на РС Македонија
„На денешен ден во 2019 година, прв пат се крена знамето на НАТО пред Владата на Република Северна Македонија, напиша Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, на неговиот фејсбук профил.
– НАТО значи сигурност и безбедност, но во исто време отвара и нови перспективи. Регионалната стабилност како и унапредената соработка со соседите и сојузниците во НАТО алијансата, но и фактот што исклучително брзо ја завршивме воената интеграција ме прави особено горд, објави Ковачевски.