-Со новиот сет мерки од над 350 милиони евра, кризата ќе ја пребродиме заедно, никој нема да биде оставен сам да се справува со последиците, порача премиерот Ковачевски преку социјалните мрежи притоа набројувајќи ги одлуките и мерките на Владата, а тие опфаќаат:

– Субвенционираме 80% од струјата за 661.000 домаќинство и 72.000 мали потрошувачи, фирми кои вработуваат речиси 98% од работниците во Северна Македонија;
– Над 330.000 пензионери ќе добијат повисоки пензии согласно новата методологија;
-6.000 денари во наредните 4 месеци ќе добијат пензионерите кои земаат до 11.525 денари пензија;
-3.000 денари во наредните 4 месеци ќе добијат и пензионерите кои земаат од 11.526 денари до 14.000 денари пензија;
-3.000 денари еднократна помош за 36.000 домаќинства приматели на гарантирана минимална помош;
-3.000 денари месечно во наредни 4 месеци ќе се исплатат на речиси 42.000 лица од ранливи категории;
-Ги субвенционираме платите, се грижиме за работниците и најзагрозените во услови на една од најтешките економски и енергетски кризи;
-365 основни и 109 средни училишта ќе се на регулиран пазар за струја, за да може образовниот процес да тече непречено;

– Болниците и мерните станици за водни пумпи ќе купуваат евтина струја од ЕСМ;
-Предвидени се повеќе евтини кредитни линии за стопанството за одржување на ликвидноста;
-Обезбедени се средствата за поврат на ДДВ и пред законскиот рок од 30 дена за да има зголемена ликвидност;
-Обезбедени се средства за граѓаните корисници на „Мој ДДВ”;
-Предвидени се и субвенции во земјоделството за обезбедување храна, зголемување на приноси, стимулирање продуктивност, поголема конкурентност.