Премиерот Димитар Ковачевски како одговор на новинарско прашање за платите на директорите на М-НАВ, на денешната заедничка прес-конференција со европратеничката Ираче Гарсија Перез, рече дека е задоволен од сите нови директори на државни институции и претпријатија кои се именувани откако тој е претседател на Владата, пишуа Фактор.

– Има позиции кои што има нови директори и не треба да се прават сензационализми з аплатите, туку да се изберат вистински луѓе на вистинско место. Ја откако сум дојден имаме нов диуректор на Македонска пошта, имаме ноив директор на Фондот за здравство, нов директор на Санитарен и здравствен инспекторат, нов директор на Финансиска полиција и низа други директори. Досега од тие кои јас сум ги поставил , не гледам дека има некои недостатоциу, туку напротив, тие добро си ја работат работата, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека Законот за плати се работи од Министерството за информатичко општество и администрација и не е готов затоа што ќе ја опфаќа целата државна управа која е многу сложена. Таму треба да се донесеат нови правила за тоа колкави може да им бидат платите на одредени функционери.

– Ние во моментов имаме неконзистентни плати. Вие може да имате директор или члкен на управен одбор на јавно претпријатие кое работи со загуба, а при тоа да имаат плати поголеми од министри, наведе Ковачевски.