Премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски во рамките на престојот во Њујорк на 77.генерално Собрание на Обединетите нации се сретна и со Македонци, кои студираат на Колумбија универзитетот.

-На Колумбија Универзитетот вчера имав прилика да поразговарам и со наши студенти Македонци.

Млади луѓе кои инвестираат во образование се нашиот силен човечки потенцијал, кој со правилна стратегија и политики можеме да го искористиме за Северна Македонија да ја направиме подобро место за живеење, порача Ковачевски.