Премиерот Димитар Ковачевски денеска пред новинарите рече дека верува во искреноста на прес-службата на бугарскиот Министерски совет, од каде што како ненамерен пропуст го опишаа сечењето на фотографијата со бугарскиот шеф на владата Кирил Петков и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
– Веќе имаше вчера изјава од прес-службата на бугарската влада дека се работи за ненамерен пропуст. Јас и премиерот Петков со нашите делегации имавме навистина одлична комуникација во рамки на Минхенската безбедносна конференција и сакам да верувам дека одговорот кој што е даден од бугарската страна е тој кој што е вистинскиот, рече Ковачевски.
Петков го „исече“ Ковачевски од фотографија со Блинкен, една слика две интерпретации (ФОТО)