Брзата реакција на Владата и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесоа да спречиме ценовен шок за граѓаните, објави новиот мандатар на Владата, Димитар Ковачевски по повод денешното зголемување на цената на струјата.
Според Ковачевски, постигнат е голем успех со тоа што новата цена е далеку под првичните прогнози од преку 25%.
РКЕ денес објави дека цената на струјата за домаќинствата се зголемува за 9,48 проценти.
-Ова е една од најтешките одлуки кои РКЕ ги има донесено од своето постоење, соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, додавајќи дека дневната евтина тарифа ќе се укине, додека пак ноќната и евтината тарифа во недела ќе остане да важи.