Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се сретна со Фатос Река, амбасадор на Република Албанија во нашата држава.
На средбата е констатирано дека двете земји имаат добра политичка соработка и дека во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ придонесуваат за унапредувањето на добрососедските односи во регионот и во европски перспективи на државите од Западен Балкан.
„Со соседите сакаме да имаме најдобри релации. Насочени сме кон реализација на проектот Коридор 8, кој е важен за поврзувањето на Северна Македонија, Албанија и на Бугарија, како и на Коридорот 10. Инфраструктурните проекти го подобруваат квалитетот на живот за граѓаните, но тие се потреба и на државите што преку нив ги развиваат односите и соработката“, рече премиерот Ковачевски.
На состанокот е потврдена определбата за натамошен развој на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.