Реформата на јавната администрација претставува еден од клучните приоритети и е важен предуслов во процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија. Таа е опфатена во првиот Кластер, “Основи”, кој е пак е од суштинско значење за динамиката на преговорите во целина.

Токму затоа, ние како земја која ги отпочна преговорите со Европската Унија, на овие реформски процеси гледаме како на клучни за развојот и динамиката на процесот на пристапување, порача премиерот Димитар Ковачевски на Министерската конференција на Западен Балкан за реформи во јавната администрација, која во Скопје ја организираа СИГМА/ОЕЦД и Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА).

„ Северна Македонија постави добри основи и остварува напредок во овој сегмент, што е и нотирано во Извештајот на Европската комисија, Извештајот од спроведениот мониторинг од страна на СИГМА, како и Заклучоците на Специјалната група за Реформите на јавната администрација, за 2021 година.