Премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи објави дека Владата интензивно работи на ребалансот на Буџетот кој наскоро ќе се најде пред пратениците. Како што вели тој ќе се кратат 100 милиони евра непродуктивни трошоци.
-Во моментов работиме на ребаланс на Буџетот, кој ќе опфати дополнително кратење на уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци. Се разгледуваат и сите опции за покривање на дефицитот, сите разговори коишто се водат сè со цел да се обезбедат финансиски средства со најниска можна цена на капиталот на пазарот во овие услови, порача Ковачевски.