Новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски повлече еден од десетте предлози за нови членови во партиските органи.
Ова следува откако присутните бурно реагираа бидејќи со тоа се кршел партискиот деловник за работа, дознава ТВ21 од партиски извори. Eден од првите кои реагирале бил актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој рекол дека со ова се крши партискиот деловник.
Како што дознава ТВ21, станува збор за Дејан Блажевски, предлог на Ковачевски кој подоцна истиот го повлекол, најавувајќи дека на следната седница ќе биде избран нов претставник во партиските тела од охридскиот регион.
Инаку статутот на СДСМ предвидува дека членови на највисоките партиски тела (извршен и централен одбор) може да бидат само членови на партијата.