„Никогаш не ги делам кадрите на стари и нови, туку на оние коишто придонеле повеќе или помалку во развојот на партијата“, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во изјава за медиумите пред почетокот на вечерашната седница на Централниот одбор на партијата.
„Во медиумите се појавија голем број на имиња коишто значат нешто во Социјалдемократскиот сојуз и коишто во минатото обавувале високи партиски и државни функции. Да оставиме Централниот одбор да ги донесе одлуките“, рече Ковачевски.
Новиот претседател на СДСМ нагласи дека ќе предложи во ИО да бидат застапени 50% жени и 50% мажи. Ковачевски најави дека денеска ќе бидат назначени уште десетмина нови членови и на Централниот одбор на партијата.