„Факт е дека имаме отворено прашање со Бугарија, и тоа треба да се решава во духот на Европските вредности. Низ директни дијалози со бугарските партнери, односно владата на Бугарија“, изјави мандатарот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски во вечерашното интервју за Канал 5.
Според Ковачевски е добро што од Бугарија доаѓаат позитивни сигнали за соработка на повеќе полиња.
Добро е што од Република Бугарија доаѓаат позитивни сигнали за соработка на полиња што водат кон иднината. Јас сметам дека не треба да разговараме само за историјата, туку да разговараме и за економска и инфраструктурна соработка, односно за она што ќе го унапреди животот на граѓаните во двете држави. Решението што треба да го постигнеме треба да е во духот на европските вредности и да се зачува достоинството на двете страни во преговорите и тоа во рамките на ставовите што ние ги имаме зацртано во нашиот Парламент“ истакна Ковачевски.