„ВМРО-ДПМНЕ има историја на лажни ветувања. Тие имаат кандидатка за претседател, на која кампањта ѝ ја води претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги држи говорите, истото го правеа и со градоначалничката на Скопје“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Фронтлајн“.
Тој додаде дека во Скопје ветуваа електрични автобуси, бесплатен превоз, нивелирани шахти и најдобрата мајка на градот.
„Гледајте каде завршивме. Скопје е запустен и нечист град, нема управа, не работат ни тие автобусии што ги имаа. Да не излезе како што велат дека не биле нивна Данела, да не излезе сега дека Данела се вика Гордана“ рече Ковачевски.























