– Веќе денеска на оваа тема има средби на претставници на Министерството за труд и социјална политика и други ресорни министерства заедно со вицеоремиерот за економски прашања со претставници на синдикатите. Тоа е прашање кое се решава низ економско-социјалниот дијалог. Минималната плата и нејзиното покакување од првичните 9000 денари колку што беше претходно, на 15 илјади денари колку што е сега, беше направено од СДСМ и Владата предводена од СДСМ. Така што и заложбата за зголемување на минималната плата на повисоко ниво е исто така заложба на оваа Влада, изјави Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
Притоа, според премиерот, како и при првичното покачување, така и сега треба да се имаат предвид и ставовите и импутите и на синдикатите, но и работодавачите и на стопанските комори, бидејќи, како што нагласи, тоа е дел од еден економски систем.
– Штом ќе се направи таа методологија нормално заедно со сите засегнати и низ економско-социјалниот дијалог тогаш ќе го имаме финалното решение кое ќе биде презентирано пред сите, пред граѓаните и пред работниците, рече премиерот кој денеска изврши увид во реконструкцијата на училиште во Прилеп.
Тој потсети дека нив ваков дијалог се дошло и до решение за недела неработен ден.